Динамично се уредува околината на манастирот „Св. Леонтиј“

35

Општина Струмица ја подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно-историските знаменитости.

Како што информираат од Општина Струмица, уредувањето на околината во близина на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча кое започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика.

-Проектот кој во целост е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020 година опфаќа изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот – потенцираат општинските власти.