Димитров на средба со Помпео во Вашингтон

25

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на американскиот државен секретар Мајкл Помпео, од денеска до 22 август ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Покрај средбата со државниот секретар Помпео,како што соопшти МНР предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон