Димитров и Пендаровски со највисок рејтинг во анкетата за претседател

43

Најголема поддршка од граѓаните доколку утре се одржат претседателските избори би добиле Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Заев котира со 12,7, а втор е Мицкоски со 7,8 проценти. Ова го покажа најновата анкета што ја спроведе Телма.

Но, бидејќи лидерите на двете најголеми партии во државава, најголемиот рејтинг го има шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со 6,9 проценти, по него следи Стево Пендаровски, со поддршка од 5.8 отсто. На третото место Зијадин Села со 5,4 проценти, потоа изедначени со 4,2 проценти се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани.

Од имињата кои досега се споменуваа како можни кандидати – Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, Гордана Силјановска Давкова со 1,3, а Оливер Спасовски доби само 0,9 проценти.