
Агентот на холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Интер, Стефан де Вриј, откри дека неговиот клиент сака да ја промени клупската средина. Централниот дефанзивец не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а неговиот агент откри дека Де Вриј сака да остане во Милано, но во игра е и опцијата за преселба во Шпанија.