ДИК со први податоци за излезноста: До 9.30 часот гласале 3,28% од гласачите

56

Државната изборна комисија ја одржа првата прес конференција за локалните избори на која претседателот Александар Даштевски информираше за текот на изборниот процес и за излезноста до 9.30 часот.

Податоци за излезноста до 9.30 часот, во ДИК има за 38 отсто од избирачките места.

„Вкупниот број на избирачи се 1.824 864, број на изборачки места од кои пристигнале податоци се 1325, процент на избирачки места од кои пристигнале податоци до 9.30 часот, е 38 %, вкупниот број на запишани избирачи од избирачките места од кои пристигнале податоци е 714. 568, вкупниот број на избирачки кои гласале на избирачките места од кои стигнале податоци е 23.468 или во процет тоа е 3,28%“, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски и најави повеќе податоци за излезноста на следната прес-конференција.

Даштевски соопшти дека процесот на гласање во тек и во најголем дел се одвива непречено со мали потешкотии околу ракувањето со биометриските уреди за идентификација.

„Гласањето започна во 7 часот, сите избирачки места се отворени од Избирачките одбори, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите. Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места. Во некои изборачки месат каде поради лоши отпечатоци не може да се препознаат, гласањето тече со оставање на отпечаток во хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат“, информираше претседателот на ДИК.