Со цел граѓаните да можат да ја известуваат ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес, ДИК ќе го има активен бесплатниот телефонски број 0800-555-44 додека за комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор ќе биде активен телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комуницираат со ДИК.

За сите останати граѓани на располагање ќе биде веб-страницата на ДИК www.sec.mk, како и на социјалните мрежи на „Фејсбук“ и „Твитер“ и на каналот на Јутјуб.