ДИК: Арсовска по 17,6% обработени гласови во водство пред Шилегов

326

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во моментов во ДИК се добиени резултати од 47%.

Од малиот процент на обработени формации од 17,6% за Град Скопје, во водство е Данела Арсовска пред Петре Шилегов.

„Шилегов 32.26%, Арсовска 38,15%, но процентот на обработени податоци е мал“, рече Даштевски.

Даштевски кажа дека во 21:55 часот е последното завршено гласање на едно избирачко место, односно дека било продолжено за два часа и 55 минути поради прекин во текот на гласањето.

Како што кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на вечерашната прес конференција, податоците од избирачките одбори постојано пристигнуваат и се внесуваат во он-лајн апликацијата на страницата на Изборната комисија.