Дизниевиот „Кралот лав“ – најуспешен анимиран филм

50

Новата верзија на Дизниевиот „Кралот лав“ го надмина мегапопуларниот „Фрозен“ и стана најпопуларен анимиран филм на сите времиња. Според “Cinema Blend” ова се должи на заработката од 1,3 милијарди долари, за разлика од  „Фрозен“ кој заработил 1,2 милијарди долари.

Според многумина, модерното издание на „Кралот лав“ не може да се нарече анимиран филм, во вистинска смисла на зборот, туку повеќе „фотореалистична“ обработка.

Како и да е, тој е најуспешен римејк на Дизни со што мора да се помират и оние кои не го сметаат за анимиран филм.

Доколку го сметатe за „live-action” тој филм е рекордер и во оваа категорија на филмови со што го престигнал и „Убавицата и ѕверот“.

Меѓу најуспешните анимирани филмови покрај „Кралот лав“ и „Фрозен“ се и “Incredibles 2“, „Minions“, „Toy Story 3“, „Despicable Me 3“, „Finding Dory“ и „Zootopia“.