Дома ЕКОНОМИЈА Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

340

 

 

Со одлука на Регулаторната комисија за нергетика од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,26 проценти, при што  малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Со тоа највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) иод ноќеска на полноќ изнесува 59,00 ден/лит, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 58,50 ден/лит.