Дива депонија на влезот/излезот на Скопје кај полициските бараки

198

На самиот излез/влез на Скопје, кај полициските бараки во Ѓорче Петров 2, никнува уште една градска дива депонија. Жителите на општина Ѓорче Петров реагираат дека нивната општина станала дива депонија и оти нема населено место во кое нема незаконски оформена локација каде се фрла се и сешто.

– Покрај тоа што сме далеку познати по најголемата градска дива депонија во Ново Село, која се трупа и пали секој ден, дивата депонија во Волково и дивата депонија во село Орман, кои со брзината на депонирање на отпад на овие три депонии, кои се наоѓаат по течението на реката Лепенец, во блиско време би се поврзале меѓусебно по целото течение се до вливот на реката Лепенец во реката Вардар – реагираат тие на социјалните мрежи.

За ваквата состојба бараат одговорност од градските власти и решение на овој проблем додека сè уште не е доцна, а не да се премолчува како досега. Како доказ за ваквата состојба тие приложиле фотографии од кои се гледа дека на несоодветно место е истурен пред сè градежен шут.

(А.П.)