Левото крило на македонкиот ракометен шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров по шесте гола што ги постигна на мечот меѓу Вардар и Алборг во Лигата на шампионите, изби на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во ова нaтпреварување.

Русинот има постигнато 971 гол во најелитното натпреварување, надминувајќи го Момир Илиќ со 969 гола во друштвото на најдобрите стрелци. Сега, пред Дибиров се уште Никола Карабатиќ со 1091 гол, како и најдобриот македонски ракометар во историјата и селектор Кире Лазаров, кој е неприкосновен со 1462 голови во Лигата на шампионите.