Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала, е сериозно заинтересиран за преселба во редовите на Ал Кадсија.
Најпознатиот фудбалски новинар на денешницата, Фабрицио Романо, откри дека челниците на Рома немаат некој посериозен проблем кога е во прашање продажбата на Аргентинецот кој во Саудиска Арабија би имал годишна плата од 15 мил. евра.