Дибала бара (не)реална плата

71

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, има сериозен проблем кога е во прашање продолжувањето на соработката со аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. Крилниот напаѓач има договор до крајот на актуелната сезона и доколку не биде продолжена соработката тој ќе си замине без никакво обештетување. Дибала сака да има плата од 10 мил. евра, а челниците на Јувентус му нудат плата од 7 мил. евра.