Де Лигт го следи Де Јонг

66

Централниот дефанзивец на холандскиот гигант Ајакс, Матијас де Лигт, сака да тргне по стапките на својот тимски колега, Френки де Јонг, кој во новата клупска сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона.

Благодарение на одличните игри како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони, централниот дефанзивец го привлече вниманието ја фудбалската јавност, но негова најголема желба е дресот на Барса. Од продажбата на Де Лигт, Ајакс очекува заработувачка не помала од 50 мил. евра.