Американскиот новинар Шемс Чаранија ги откри плановите на НБА тимот Њујорк, кои ќе имаат големо влијание кога е во прашање иднината на клубот. „Никси“ сезонава останаа без најдобриот кошаркар, Криштоп Порзингис, како и уште неколку играчи кои имаа богати договори, се со цел во текот на летниот рок да направи простор за ангажирање на други суперѕвезди.

Можеби коцките не им се поклопија кога во прашање е лотаријата за НБА драфтот, каде ќе бираат од третата позиција, сепак според Чаранија, доколку бирале и од првата позиција, тие ќе се откажеле од младиот и талентиран кошаркар, Зајон Вилијамсон, бидејќи приоритет им е донесување на Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

  • Ако го добиеја првиот пик, веднаш ќе се откажеа. Колку што знам јас, тие го свртеа фокусот кон Ентони Дејвис. Планираат по секоја цена да го донесат него, изјави Чаранија.

Како што наведува американскиот новинар, со донесувањето на Дејвис, Њујорк сака да го привлече вниманието на кошаркарите кои ќе бидат слободни во текот на летото, како Кари Ирвинг и Кевин Дурант.

  • Никси сакаат да се наоружаат во текот на летниот преоден рок. Има многу слободни ѕвезди кои сакаат да ги променат клупските бои, како што се Дурант, Ирвинг… Токму поради тоа Њујорк сака да го привлече нивното внимание со донесувањето на Дејвис. Тој би бил кошаркар со кого би сакале сите да соработуваатм додаде Чаранија.