Децата жртви на семејно насилство добија новогодишни пакетчиња

34

Општина Аеродром денеска донираше новогодишни пакетчиња за децата на штитениците од шелтер центарот за жртви од семејно насилство при Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје.

– На денешниот празник Василица, со овие пакетчиња сакавме да внесеме празнична атмосфера и радост меѓу дечињата во овој центар. Истовремено, ги охрабруваме жртвите на семејно насилство да не молчат и да пријават кај надлежните институции – потенцираат од општина Аеродром.