
Доколку предвреме биде прекината соработката со нигерискиот интернационалец Виктор Осимен, раководните лица на италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се обидат да ги осигураат услугите на канадскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Џонатан Давид. Осимен може да биде продаден за 120 мил. евра, а понудата за Давид не смее да биде помала од 40 мил. евра.