Дефинирана цената на Сар

62

Раководните лица на новиот англиски второлигаш Ватфорд испратија јасна порака до челниците на актуелниот шампион на Англија, кои покажаа сериозен интерес за услугите на стандардниот првотимец Исмаил Сар. Крилниот напаѓач важи за голема желба и на раководните лица на Кристал Палас и на Вулверхемптон, но челниците на Ватфорд открија дека 22-годишниот репрезентативец на Сенегал ќе биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. фунти.