Дефинирана цената на Руиз

38

Близок извор до таборот на италијанскиот калчолигаш Наполи откри дека раководните лица се подготвени за време на летниот преоден рок да стават крај на соработката со шпанскиот интернационалец Фабијан Руиз. Офанзивниот играч за врска игра во променлива форма цела сезона и затоа ќе му биде дозволено да ја промени средината за време на летниот преоден рок. Челниците на Наполи од продажбата на репрезентативецот на Шпанија очекуваат заработка не помала од 50 мил. евра.