Дефинирана цената на Инсиње

69

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, сериозно ја разгледува и опцијата да стави крај на соработката со капитенот, Лоренцо Инсиње. Репрезентативецот на Италија има договор со „азурите“ до 2022 година и упорно одбива да седне на преговарачката маса и да разговара за продолжување на соработката. Поради таквата ситуација АДЛ планира да го продаде но понудата не смее да биде помала од 30 мил. евра.