Раководните лица на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на главниот напаѓач. Тимо Вернер.
Благодарение на одличните игри во изминатата и актуелната сезона, репрезентативецот на Германија го привлече вниманието на сите европски гиганти кои сакаат да ги осигураат неговите услуги веќе ова лето. Брзоногиот напаѓач ќе биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра.