Дефинирана цената на Варан

276

Челниците на шпанскиот гигант Реал (М) испратија јасна порака до раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кои веќе со недели се обидуваат да ги осигураат услугите на францускиот интернационалец Рафаел Варан. Централниот дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до 2022 година, но потребната дозвола за преселба на „Олд Трафорд“ ќе ја добие само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. евра.