Детското игралиште позади ТЦ „Бисер“ доби лиена гумена подлога

323

Детското игралиште зад ТЦ ,,Бисер”, деновиве е надополнето со лиена гумена подлога која за прв пат е поставена во нашата држава.

Како што информираат од Општина Аеродром, подлогата ги задоволува сите современи светски стандарди за безбедна игра на дечињата.

-Се состои од два слоја, долниот е амортизирачки, кој одозгора е прекриен со втор слој во смирувачки бои за пријатно чувство на нашите најмили. Игралиштето е со површина од 100 квадратни метри-велат општинските власти.