Детална прогноза на УХМР: Какво време не очекува во наредните денови:

726

Времето овие два дена ќе биде релативно топло, а по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

Денеска минималната температура ќе се движи во интервалот од еден до девет степени, а максималната дневна до 23 степени.

Во сабота попладне ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Според прогнозата на УХМР, во сабота највисоката дневна темепратура ќе биде до 23 степени, во недела до 17 степени, понеделник и вторник до 16 и во среда до 17 степени Целзиусови.