Десет пати не го примиле на Харвард, а сега може и да го купи ако сака

15

Џек Ма има безмалку филмска биографија: пораснал во сиромаштија, двапати паднал на приемен за факултет, долго не можел да си најде работа. Не сакале да го вработат ни во фаст фуд ресторан на КФЦ. Десет пати се обидел да се запише на Харвард и сите 10 пати го одбиле. А потоа ја основал својата трета интернет компанија. Останатото е историја

 

Џек Ма основачот на Алибаба, неделава објави дека се повлекува. Шефот на големата кинеска интернет трговска платформа своето место во водењето на компанијата ќе му го отстапи на досегашниот директор Даниел Занг по една година, на 10 септември 2019, на годишнината од компанијата, но во Одборот на директори на Алибаба ќе остане до годишното собрание на акционери во 2020 година.

Џек Ма (54) ја објави својата одлука една година порано во писмо испратено до корисниците и акционерите на Алибаба.

Џек Ма во 1999 година основаше интернет компанија чија вредност денеска се проценува на над 90 милијарди долари. Се тргна од местото директор на компанијата во 2013 година, но го задржа местото во управата на групацијата Алибаба.

Во последното соопштение за кварталните резултати на крајот од јуни Алибаба претстави раст на приходите од неверојатно 61 отсто, односно 11,8 милијарди долари.

Џек Ма нема сосема да се повлече, ќе остане доживотен партнер во Алибаба Партнерството, врховната управа на компанијата составена од 36 партнери кои ги поставуваат директорите.

Џек Ма има безмалку филмска биографија: пораснал во сиромаштија, двапати паднал на приемен за факултет, долго не можел да си најде работа. Не сакале да го вработат ни во фаст фуд ресторан на КФЦ. Десет пати се обидел да се запише на Харвард и сите 10 пати го одбиле. А потоа ја основал својата трета интернет компанија со која стана еден од најуспешните и најмоќни луѓе на светот.

Роден е на 15 октомври 1964 година во Хангжу на југоистокот од Кина, има постар брат и помлада сестра. Откако американскиот претседател Ричард Никсон во 1972 година го посетил Хангжу во градот почнале да доаѓаат туристи.

Како Тинејџер, Џек Ма, односно Ма Јун како што навистина се вика, одел пред главниот градски хотел и на туристите им нудел обиколка на градот во замена за вежбање англиски јазик.

Туристите го нарекле “Џек” и под тоа име е планетарно познат.

Откако двапати не успеал да положи приемен испит за факултет од трет обид успеал да се запише на Учителскиот институт во родниот град. Го завршил во 1988 година и почнал да бара работа.
Многу пати го одбиле, а го одбиле и од КФЦ кое во тоа време на отворање на Кина почнал да отвара свои франшизи низ земјата. –За таа работа во КФЦ направија 24 интервјуа. Примија 23, а ме одбија само мене, раскажува тој.

Во друга пригода со некој роднина барал работа како хотелски работник во хотел со четири ѕвездички. Роднината го примиле, него го одбиле. Не го сакале ни во полиција: таму се пријавил со четворица колеги кои сите ги земале, но него го одбиле. На крајот се вработил како наставниик по англиски. Идниот милијардер примал плата од 12 долари месечно.

Потоа се занимавал со преведување. На патувањето во САД во 1995 година бил магепсан од интернетот. Во некој од тогашните интернет пребарувачи напишал “пиво” и сфатил дека меќу резултатите не се појавува ниедно кинеско пиво. Тогаш решил да направи интернет фирма за Кина.

Со првата компанија не успеал. Не успеал ни со втората. Потоа повикал 17 негови пријатели кај него дома и ги убедил да вложат во неговата идеја – кинеска онлајн трговија.

До октомври 1999 година Алибаба собрала пет милиони евра од Голдман Сакс и 20 милиони долари од јапонската Софтбанка. Потоа инвестираше и Јаху – цела милијарда долари во замена за 40 отсто од компанијата. Алибаба на берза излезе во 2014 година.

-Она што го добивме денес не се луќето. Она што го добивме е довербата на луѓето, изјави Џек Ма по тој повод. Излегувањето на неговата фирма на берза од него направи најбогат Кинез со имот од 25 милијарди долари.

-Не мислам дека многу се има променето, тој се уште е оној стариот, вели за УСА Тудеј Сијао-Пинг Чен, пријател на Ма. Џек Ма продолжи да го прави она што го правеше претходно: чита книги за кунг-фу, игра покер, медитира и вежба таи чи.

Долго се трудеше семејниот живот да го сочува сокриен од очите на јавноста. Во брак е со Жанг Јинг, наставничка која ја запознал додека студирале. Таа во една пригода рекла дека Ма не би згоден како некои други, но можел да направи многу нешта кои згодните типови не можеле да ги направат. Имаат две деца – син и ќерка. Џек Ма во меѓувреме во Кина стана голема ѕвезда, со стотици луѓе кои доаѓаат на неговите предавања.