Десет милиони франци за вработување на младите во Западен Балкан

56

Германската развојна банка KfW и швајцарската влада, претставена од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), успешно потпишаа договор за финансирање за поддршка на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ). Со овој договор, СДЦ издвојува 9,7 милиони швајцарски франци за финансирање на проекти за кооперативна обука во Западен Балкан.

РЦФ е финансиски механизам дизајниран да ја зголеми вработливоста на младите. Фондот ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата во економиите на Западен Балкан преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти на кооперативна обука имплементирани од установите за стручно образование и обука во партнерства со претпријатија. Грантовите се доделуваат преку регионален натпревар.

Регионалниот фонд за предизвици има за цел да ја зајакне релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку зајакнување на пристапот за кооперативна обука во економиите на Западен Балкан 6: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

– Нашата неодамнешна анализа покажа значителен раст на економијата на Западен Балкан во 2021 година и отворени нови работни места. Но, претпријатијата од шесте економии од Западен Балкан имаат потреба од соодветно квалификуван кадар доколку сакаме да го задржиме овој позитивен тренд и да се спротивставиме на тековните предизвици. Придобивките од заедничкото спроведување на дуални и кооперативни програми за обука во партнерство со добро опремени понудувачи на стручни обуки се препознаени кај многу претпријатија. Со дополнителните средства кои доаѓаат во Регионалниот фонд за предизвици се надеваме дека ќе придонесеме уште повеќе ученици од програмите за стручно образование да ги добијат вештините потребни за развој на нивните кариери во регионот на Западен Балкан – смета Балша Чулафиќ, координатор на проектот РЦФ од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6.