Сите Словени се за слава: Св. Кирил и Методиј ќе се слави и во Србија

176

Српската Влада на денешната седница го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за државни и други празници во Република Србија, со кој се предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и творците на првото словенско писмо – глаголицата, соопшти прес-службата на српската Влада.