Денес и утре се одржува првиот Дигитален саем за средно стручно образование во нашата земја

18

Денеска и утре за првпат во нашата замја се одржува Дигитален Саем за средно стручно образование, на кој ќе се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска.

Околу 19.000 деветто одделенци се очекува да бидат дел од овој настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

Со Дигиталниот Саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која е важна животна одлука, се поддржуваат и училиштата, но и домашните и странски компании кои на различни начини се директно вклучени во образовниот процес.

Дигиталниот саем го организира проектот Образование за вработување и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија.