Денеска се пушта во употреба новиот Кривичен суд во Скопје

51

 

Денеска, по осум години изградба, ќе биде пуштена во употреба новата зграда на Основниот суд Скопје 1. По повтод отворањето на новиот дом на правдата ќе се одржи свеченост во големата сала на Судот на која ќе присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.

Објектот почна да се гради во 2010 година и има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на објектот чонеше околу 8,3 милиони евра, обезбедени како заем од Светска банка. Новиот објект има 74 судиски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал и една за 100 лица.

Обезбеден е простор и за помошните судски служби – архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, судиски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила.