Денеска лидерска средба?

66

– Се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил обвинителот. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме. – изјавил премиерот за „VOA“.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски начелно не отфрли разговор, но како што претходно најави нема да отстапат од своите барања за избор на Обвинител кој темелно ќе ги испита сите случаи на корупција без разлика кога се сторени, вклучително и последниот случај „Рекет“.

На евентуалниот состанок на Зоран Заев – Христијан Мицкоски, опозицијата повикува да се водат разговори за да се вградат принципите во законот, наместо да се заштитат поединците.

 

„Ние не сме тука да ги исполниме желбите на Заев, туку да разговараме за примената на принципите што ги нудиме. Ако имаме договор за законот, ние сме подготвени да разговараме за предвремени парламентарни избори кои се повеќе од неопходни “, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Заев најави средба меѓу него и Мицкоски, СДСМ вчера немаше одговор дали ќе има лидерска средба. Социјалдемократите ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да го врати криминалот преку законски решенија.