Денеска официјално ќе биде инаугуриран петтиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ.
За разлика од претходните инаугурации, Милановиќ ќе положи заклетва на скромна церемонија на Пантовчак.
Како што беше најавено претходно, на церемонијата ќе присуствуваат 39 гости, меѓу кои и претседателката во заминување Колинда Грабар Китаровиќ и членовите на семејството на Милановиќ.
Пред пет години, Грабар Китаровиќ беше инаугурирана како прва жена на чело на хрватската држава, со церемонија на централниот Марков плоштад во Загреб.
Вкупниот буџет за Кабинетот на Претседателот годинава изнесува е 39,7 милиони куни.