Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци. Веќе гледаме дека новогодишните ветувања кон себе се тешко остварливи. Температурата е во минус… Сѐ ова заедно, според стручните лица, го прави денешниот ден најдепресивен во годината.
Тоа, по правило, е третиот понеделник во јануари. Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави психологот Клиф Арнел, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.
Тоа го потврдуваат и бројни анкети, во кои луѓето се согласуваат дека ова навистина е многу лош ден за расположението и човековата психа.
Затоа денеска, на пример, некои маркети во Велика Британија бесплатно ќе делат овошје на своите купувачи во периодот од 15:30 до 17:30 часот, за барем малку да им го разведрат денов.