Денеска се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

71

Денеска се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст). На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.Во народните верувања, на  Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.