Кошаркарите на Денвер се пласираа во финалето на западната конференција на НБА-лигата со победата над Лос Анџелес Клиперс во решавачкиот, седми натпревар, со 104:89.

Иако заостануваа со 3-1 во серијата, тимот на Мајкл Мелоун успеа да направи голем пресврт и да дојде со финале во конференцијата во кое ќе се сретне со Лос Анџелес Лејкерс.

По втор пат во овој плејоф, Нагетси ја надокнадија негативата од 3-1 во серијата (истата беше против Јута) и со тоа станаа првиот тим во историјата на НБА лигата кој успеал во тоа.

Од друга страна, Клиперси се елиминирани во конференциското полуфинале по петти пат под водство на Док Риверс, а никогаш во нивната историја не стигнале до последната серија на Западот.

До решавачкиот триумф, Денвер го водеа Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок од 16 поени, 22 скока и 13 асистенции, додека Џамал Мареј постигна 40 поени и 5 ​​асистенции