Канадскиот премиер Џастин Трудо беше погоден со чакал со кој го гаѓаа демонстрантите за време на посета на пиварница, како дел од неговата предизборна кампања, објави Би Би Си Њуз.
Тој се враќал во својот автобус по посетата на пиварницата кога бил погоден, но не бил повреден.
Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, со надеж дека ќе освои мнозинство гласови за својата левоцентристичка Либерална партија.
Но, неговата кампања за нова изборна победа беше нарушена со протести поради кампањата за задолжителна вакцинација против Ковид-19 и други ограничувања за граѓаните.
Justin Trudeau is so hated by Canadians that people are risking jail time to throw rocks at him.
Pro-tip: Do not throw stones at Prime Ministerspic.twitter.com/xOpH7V3wJz
— Keean Bexte (@TheRealKeean) September 6, 2021
Пред нешто повеќе од една недела, премиерот Трудо беше принуден да го откаже изборниот митинг, откако група незадоволни демонстранти го прекинаа настанот.
Плановите на Трудо за задолжителна вакцинација станаа клучно прашање пред изборите кои ќе се одржат на 20 септември.
Канада има една од највисоките стапки на вакцинација против коронавирус во светот.