Дембеле не мрда од „Ноу Камп“

47

И покрај силните критики кои постојано пристигнуваат на неговата адреса, францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле, не сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Само што се рехабилитираше од повредата на коленото, Дембеле заработи нова повреда на бутниот мускул поради која мора да паузира до крајот на актуелната сезона. Освен поради честите повреди, Французинот е критикуван поради нездравиот начин на живот.