Утре, поради дефект во шахта на улица „Хелсинки“ број 5 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: „Хелсинки“, „Ташкенска“, „Мексичка“, „Хаванска“ и „Варшавска“.
Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.