Дел од најпотценетите филмови последниве години

21

Во светот на Холивуд има многубројни филмови коишто можеби не го добиле своето заслужено внимание од публиката. Следат дел од овие, според многумина – потценети филмови од последново десетлетие кои заслужуваат да бидат погледнати, и според критиката, и според гледачите.

„Безбилетник“ (Stowaway, 2021 гoдинa, жанр: научна фантастика)

Екипаж од тројца патува на Марс и се соочува со невозможен избор откако еден член ќе ја загрози мисијата. Главни улоги: Ана Кендрик, Даниел Дае Кин, Тони Колет.

Оценка на „Ротен томатос“: 76 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 5,6 /10.

„Црно Море“ (Black Sea, 2014 г., трилер)

Поранешен капетан на подморница презема многу ризична работа и се упатува кон длабочините на Црното Море да бара подморница којашто наводно содржи стотици килограми злато. Главна улога: Џуд Ло.

Оценка на „Ротен томатос“: 80 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,4 /10.

„Карго“ (Cargo, 2017 г., научнофантастичен хорор)

Откако е заглавен во Австралија, по голема пандемија, заразен татко бара нов дом за својата мала ќерка. Главна улога: Мартин Фримен.

Оценка на „Ротен томатос“: 88 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,3 /10.

Тишина“ (Hush, 2016 г, хорор)

Писателка со оштетен слух се повлекува сама во шума за да живее во мир, но во еден миг мора да се бори за својот живот во тишина, кога маскиран убиец одеднаш се појавува на нејзиниот прозорец. Главна улога: Кејт Сигел.

Оценка на „Ротен томатос“: 93 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,6 /10.

„Убиецот со јазлите“ (The Clovehitch Killer, 2018, криминалистичка драма)

Совршениот живот на едно американско семејство се распаѓа кога момчето Тајлер открива серија вознемирувачки фотографии кои ги поседува неговиот татко и почнува да се сомнева дека тој е одговорен за убиството на 13 девојчиња.

Оценка на „Ротен томатос“: 78 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,4 /10.

„Мајндхорн“ (Mindhorn, 2016, г., трилер-комедија)

Актер (и во филмот) кој некогаш го глумел ликот Мајндхорн, популарен адвокат, сега мора да соработува со полицијата за да го реши случајот на сериски убиец кој сака само да разговара со Мајндхорн – за кој верува дека е вистинска личност.

Оценка на „Ротен томатос“: 92 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,3 /10.

„Малиот град и криминалот“ (Small Town Crime, 2017 г., крими-мистерија)

Кога поранешен полицаец и алкохоличар ќе пронајде тело на една млада жена, тој станува опседнат да го пронајде нејзиниот убиец. Патем, тој го става на линија својот живот, но и животите на членовите на неговото семејство. Главна улога: Џон Хокс.

Оценка на „Ротен томатос“: 79 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,6 /10.

„Приказна за духови“ (A Ghost Story, 2017 г., љубовна фантастика)

Човек кој неодамна починал се враќа на овој свет како дух за да ја утеши својата сопруга. Сепак, тој дознава дека како дух е заглавен во времето и може само пасивно да набљудува како животот продолжува да се одвива без него… Главни улоги: Кејси Афлек, Руни Мара.

Оценка на „Ротен томатос“: 91 отсто. Оценка на „ИМДБ“: 6,8 /10.