Делчевскиот совет одвои средства за помош на опожарените објекти во трговскиот центар ,,Глобал”

14
Делчевските советници донесоа одлука за доделување парична помош за поддршка на опожарените објекти во трговскиот центар ,,Глобал” во Струмица. Одлуката беше донесена во рамки на првата одржана седница на делчевскиот совет во 2021 година.
-Со одлуката, Советот на Општина Делчево одвои сума од 60 илјади денари за здружението на граѓани „ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица. Средствата ќе бидат наменети за санирање на штетата настаната од неодамнешниот пожар кој го зафати објектот „Глобал“ Струмица, истакна Шабан Багашов, раководител на секторот финансии.
Во рамки на останатите точки кои беа на разгледување, на 49. седница беа усвоени статутарни измени, одлуки од областа на урбанизмот и програми за работа за 2021 година, како и извештаи за реализација на активности за 2020 година.
Статутарните измени кои ги усвоија советниците се иницирани поради законските измени во делот на партиципативното тело од областа на урбанизмот и Законот за урбанистичко планирање од 2020 година како и законските измени во делот за Советот на млади, истакна Ивана Атанасовска од ЕЛС Делчево.
На денешната седница, делчевските советници ја усвоуја и одлуката за утврдување зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот. Воедно ја усвоија и одлуката за пазарната вредност на градежното и земјоделско земјиште, според просечни цени на извршени купопродажби во предходната година на подрачјето на Општина Делчево.
Извор:МИА