Дела на Владимир Лукаш изложени во штипскиот Центар за култура

44

Четири дела на Владимир Лукаш денеска се изложени во „Галерија 22“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип. Уметникот за овие дела информираше дека работел една недела, спотано, а димензиите на сликите настанале со цел да се најде фино решение на ролна хартија.

-Станува збор од технички аспект за четири триптиси. Работиме конкретно за една галерија во Скопје, изложбата ја работев една недела во галерија, а делата беа поставени уште една недела. Ова се слики на хартија. Не беше планирано прво да бидат со таа димензија, но дома имам една огромна ролна хартија и сакав да и најдам фина примена, рече Лукаш.

Тој  истакна дека пред се работи на мала форма на дела. Последниот негов циклус биле слики собрани во мала книга.

Изложбата најпрво била поставена во галерија во Скопје, а сега има можност да ја види и публиката во Штип.

Лукаш е со тенденција изложбата да биде проширена, да има над 30 дела, со цел да се создаде шума од слики кои ќе бидат поставени низ целиот простор.