Во 2020 година има 18 малолетнички под 15 години кои што биле родилки, а во проценти од вкупната бројка на родилки во 2020 година околу 4,9 отсто биле родилки на возраст од 15 до 19 години.- Според професорот д-р Глигор Тофоски од Клиниката за гинекологија околу 20 отсто од малдите мислат дека кондомот штити само од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции и обратно 20 отсто од младите мислат дека ако пијат орална контрацепција дека ќе ги заштити и од сексуално преносливи болести, што апсолутно не е точно

На Скопската Клиниката за гинекологија најмалдата девојка која абортирала е 13 годишно девојче. Во 2020 година регистрирани се 18 пациентки под 15 години кои што биле родилки, а во проценти од вкупната бројка на родилки истата година околу 4,9 отсто биле родилки на возраст од 15 до 19 години. Ова се поразителни бројки се последица на незаштитен секс кој што може да биде проблем уште со првата меструација кога девојчето или девојката ќе ја добие.

Како што појаснува професорот д-р Глигор Тофоски од Клиниката за гинекологија малолетничката бременост можеби е во некое опаѓање, но сепак сеуште бројките се големи . Тој потенцира дека има огромно поле за работа со младите, особено со адолесцентите кои што во одреден дел имаат непознавања како се останува бремен и како се заштитува од сексуално преносливи болести.

-Во праксата има голем неостаток. Се поставува прашање кога да се оди прв пат на гинеколог, како да се разговара со вашето дете за отворени сексулани работи кои што следат.Младите имаат период кога треба да се опуштат и да го практицираат, но и да уживаат во сексуалниот живот на безбеден начин, притоа треба да го зачуваат своето здравје, а не да се заразат. Само така ќе можат да го планираат семејството кога сакаат. За време на репродуктивниот период и по него жената и понатаму треба да се следи за да навреме се превенираат гинеколошките карциноми-објаснува професор д-р Тофовски на одбележувањето на „Неделата на женското здравје”, по повод Светската недела на женското здравје што се одржува од 8 до 14 мај годинава

Според него најмлата малолетничка што имала абортус на Клиниката за гинекологија е 13 годишно девојче, што е поразителен факт . Зато укажува дека сексуалното образование во училиштата треба да биде примарно и треба да се подобри, бидејќи со првата менструација секоја девојка може да забремени.

-Младите иако се информираат од разни извори сепак имаат едно незнаење за основни превентивни работи, како што е знаењето да се заштитат од сексуално преносливи болести. На пример 20 отсто од малдите мислат дека кондомот штити само од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции и обратно 20 отсто од младите мислат дека ако пијат орална контрацепција дека ќе ги заштити и од сексуално преносливи болести што апсолутно не е точно-реагира професорот Тофовски и дополнува дека свеста треба да се подигне за превенцијата и основните гинеколошки услуги.

Професорот Тофовски укажува дека заедно со министерството за здравство организирани се мобилните клиники , односно со две мобилни возила се прегледуваат пациентките во руралните средини и се врши сексулана едукација на младите.

-Мобилните клиники ќе функционираат до крајот на месец јуни,а во нив е вклучен лекар специјалист и искусна акушерка. Прегледите се внесуваат во МојТермин за да може тие што се без матичен лекар да бидат вклучени и да можат навреме да ги извршуваат прегледите, барем еднаш во годината-објаснува д-р Тофовски.

Тој информира дека од први декември до сега преку овие мобилни гинеколошки клиники се прегледани 1.300 пациентки.

-Направени се ултразвучени прегледи,ПАП тестови и по проценка на гинекологот и ХПВ тест, како и прегледи за сексуално преносливи инфекции и каде што е потребно пациенките се пратени на дополнителни иследувања како рендген дијагностика, компјутер или проверка на туморски маркери – појаснува д-р Тофовски.

Според професорката д-р Ана Данева од 2017 година статистички имаме двојно намалување на смртноста на бебињата, но заради ковид пандемијата жените во овој период значителен број од жените немале редовни прегледи во првите три месеци од бременоста, плашејќи се да не се заразат од вирусот. Таа посочува дека во источниот дел од земјава е тоа карактеристично , каде што се помалку се користат гинеколошки услуги ,а намален е и наталитетот.

-Гинеколошката мобилна амбуланта е креирана со доза на приватност и висока професионалност. Во овие мобилни амбулатски возила компетентни се сите што се вклучени во ултразвучните прегледи во текот на бременоста, гинеколошки превентивни прегледи –им порачува д-р Данева на оние пациентки што не се подготвени да направат ваков скриниг преглед.

Таа укажува дека голем дел од трудниците не ги препознаваат навремено симптомите поврзани со развојот на компликации во бременоста, што доведува до сериозни загрозувачки состојби на плодот и мајката.

Од акетата на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО),произлегува дека 30 до 40 проценти од жените вклучително и од помладите возрасни категории не знаат кој е причинител на ракот на грлото на матката, а по извршената анкета повеќе од 60 проценти не одат на редовен гинеколошки преглед еднаш во годината, а повеќе од 40 проценти немаат избрано матичен гинеколог.

(В.Ма.)