Деветнаесетгодишно момче и сопатник тешко повредени во сообраќајка кај село Тработивиште

48

Деветнаесетгодишно момче заврши во болница по излетување на патничкото моторно возило „Опел корса“ со кое управувало. Несреќата ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека освен возачот, настрадал и сопатник во возилото.

– На 30.05.2021 во 22:28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во село Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип, информираа од полицијата.

По извршениот увид на местото на настанот повеќе детали за причината на несреќата од Полициско одделение Делчево најавија во текот на утрешниот ден.