Македонската женска фудбалска репрезентација претрпе срамен пораз од Луксембург на домашен терен со 2:3 во рамки на 4. коло од квалификациите за СП.

Големото изненадување го најави Маркес Абреу уште во 8. минута, а 13 минути подоцна Македонија израмни преку Роши. Кога сите мислеа дека победата нема да ни избега од раце, Тил со два прецизни удари (во 62. и 67. минута) ја матираше Лековска за водство од 1:3, а конечните 2:3 ги постави Николовска во судиското продолжение.

За очајот кој ни се случи денеска најдобро говорат резултатите на противникот во изминатите шест ипол години, каде забележа само една победа (оваа над нас втора). Во тој период успеа да ја совлада само Андора на домашен терен со 2:1 во 1019 година. Исто така ова се првите голови кои ги постигна Луксембург во овие квалификации, и тоа три против избраничките на селекторот Изов, а прими дури 21.

По четири кола, Луксембург изби пред нас на табелата со три бода исто колку што имаме и ние.

ФОТО: Петр Стојановски