Две успешни спасувачки акции: Спасени неколку лица во неволја

56

Полициските службеници вчера извршиле две успешни акции за спасување на лица заглавени во снежни наноси и лица заглавени во објект кај ски-лифот на Попова Шапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје вчера побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.
– Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено, стои во соопштението од МВР.Додека, во СВР Тетово вчера било пријавено дека две малолетни лица од Скопје се наоѓале во објект кај ски-лифтот на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат.
– Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со Ратрак излегле на местото и околу 16:20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба, велат од МВР.