Две третини од луѓето кои неодамна биле заразени со омикрон претходно прележале Ковид, покажува студијата „React“ спроведена во Велика Британија.
Потребна е повеќе работа за да се открие колку има реални повторни инфекции, но резултатите откриваат групи за кои се чини дека имаат поголема веројатност повторно да заболат од Ковид. Студијата е спроведена на здравствени работници и домаќинства со деца или многу членови на семејството под еден покрив. Повеќе од два милиони луѓе се тестирани во студијата, а најновите наоди се базираат на околу 100.000 ПЦР тестови. Околу 4.000 биле позитивни, што е убедливо највисока стапка од почетокот на пандемијата.
Кога е секвенциониран нивниот брис, за да се тестира за која варијанта на корона станува збор, речиси сите имале омикрон – многу заразна варијанта, првпат откриена во Јужна Африка.
Сè уште не е јасно колку доброволци кои биле позитивни на тестот биле целосно вакцинирани, имајќи на ум дека е потребна втора доза на вакцина за борба против омикрон. Она што ги изненади научниците е фактот што двајца од тројца испитаници рекле дека претходно прележале Ковид.