Турските власти приведоа две руски лекарки на аеродромот во Анкара со образложение дека го прекршиле законот за миграција во земјата.
Педијатарката Елена Гавриленко и нејзината колешка, кои заминаа за Молдавија преку Турција, се приведени, изјави денеска Иван Мелников, потпретседател на рускиот огранок на Меѓународниот комитет за човекови права, јави ТАС С.
„Руската државјанка Елена Гавриленко е приведена на аеродромот во Анкара. Таа е приведена заедно со нејзината сопатничка, државјанка на Молдавија. И двете жени се педијатри и одеа на медицински симпозиум во Кишињев, преку Турција. Според локалните власти, тие го прекршиле турскиот миграциски закон“, рекол Мелников, пренесува ТАС С.