Две понуди за Дибала

155

Близок извор од таборот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, откри дека клупските челници се седнати на преговарачката маса со раководните лица на Манчестер Јунајтед и Баерн (М), а тема на дискусија е можниот трансфер на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала.

„Старата дама“ планира за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на крилниот напаѓач, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 100 мил. евра.