Лондонскиот премиерлигаш Арсенал и актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на шкотскиот гигант Селтик, Одсон Едоуард. Францускиот интернационалец има договор со „зелено-белите“ до 30. јуни 2022 година и затоа сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Од неговата продажба челниците на Селтик очекуваат заработка не помала од 30 мил. фунти.