Две лами шетаат на аеродромот во Портланд, со добра причина/ВИДЕО

61

Веројатно, деновиве многумина се почестија со патување. Сепак, за некои патувањето може да биде мошне стресно – особено она со авион.

Затоа работниците на аеродромот Портланд во Орегон решиле да им олеснат на патниците.

Тие разговараа со експертите и ги донесоа Бени и Принс, две терапевтски лами, на аеродромот.

„Можете да ги гушкате цврсто, тие се многу меки. Тие се многу уникатни животни во споредба со повеќето други терапии“, изјавила за Yahoo сопственичката Лори Грегори.

За нивните специјални настапи во изминатите две недели, Бени и Принс беа облечени во празнична облека.

Неодамнешните снимки направени на аеродромот во Портланд станаа вирални на социјалните мрежи. Судејќи според коментарите, животните навистина им помагаат на патниците да го надминат стресот пред патувањето.

https://www.tiktok.com/@rojothellama/video/7312160098552532267?is_from_webapp=1&sender_device=pc