Две екипи, составени од мајстори на добрата македонска песна….

99

Следува хит!

Едната екипа е од “Ѕвездите на Гранд“, а ја сочинуваат Огнен Здравковски, Филип Божиновски и Ален Хасановиќ, екипа која ја собори на колена публиката од Вардар до Триглав и која кога вака ќе се сретнат, не само што дружбата ќе ја залеат со песна и по некоја пијачка, туку најавуваат дека би можело да се случи и една нова, ама заедничка песна испеана од нивните златни грла. Па, да видиме дали и ќе се случи?

Контра на екипата на “Грандовци“ е другата малку постара од нив, по годините, но со големо естрадно искуство на стари волци кои на естрадата минале “сито и решето“, а тоа се добро познатите Влатко Алексовски (со својот нов имиџ-куса коса и брадичка), Цане Петров (уметничкиот директор на фолк-фест “Охридски трубадури) и најславниот меѓу нив Ферус Мустафов. По кусото објаснување откако застанале да се сликаат, дека “следува хит“, не престанаа да ги следат коментарите во кои стои дека луѓето одвај чекаат да го слушнат хитот – (засега) во најава! Па, ајде тогаш што чекате и едната и другата екипа на мајстори на добрата македонска песна! Направете го тоа, другите да ви љубоморат! Д.М.